Достапни линкови

Обама е подготвен за разговори со Иран


Белата Куќа соопшти дека американскиот претседател Барак Обама е подготвен за билатерални разговори со Иран во врска со нуклеарната програма на Исламската Република, но оти такви преговори сеуште не се закажани. Портпаролот Џеј Карни изјави дека администрацијата на Обама е отворена за продолжување на преговорите ако и кога Иранците ќе бидат сериозни во врска со тоа.
Претходно и САД и Иран го негираа пишувањето на Њујорк Тајмс дека и двете страни начелно се согласиле околу преговорите.
За време на дебатата во рамките на претседателската кампања, Обама во понеделникот истакна дека има долгорочна понуда до Иран за можноста од билатерални разговори.
XS
SM
MD
LG