Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Полоша вест граѓаните не можеа да слушнат од таа за „Сојузот за Иднината“


Средба на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски и на лидерто на ВМРО Народна партија Љубчо Георгиевски .

Средба на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски и на лидерто на ВМРО Народна партија Љубчо Георгиевски .

Ако Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски и Тито Петковски се иднината на оваа земја, тогаш полоша вест за нашата иднина граѓаните денеска не можеа да слушнат, e наведено во писмената реакција на владеачката партија ВМРО ДПМНЕ по денешното обединување на опозицијата во коалиција „Сојуз за иднината“. Во продолжение е наведено дека јавно ги прашуваат дали се уште ги имаат истите ставови за кои во минатото се обвинуваа и ако не, зошто тогаш глумеле и лажеле пред народот. ВМРО - ДПМНЕ во реакцијата велат дека не сакаат да ги коментираат другите луѓе партии во коалицијата и им посака добра работа, тврдејќи дека ќе им треба многу повеќе од сино платно за да ги убедат граѓаните дека тие се иднината.
XS
SM
MD
LG