Достапни линкови

logo-print

Протестите во Косово завршија мирно


Околу 300 активисти на движењето „Самоопределување“ и граѓани на Косово денеска во центарот на Приштина одржаа протест, поради, како што тврдат, полициското насилство врз припадниците на ова движење за време на вчерашниот митинг. Денешниот протест заврши мирно, а него го обезбедуваа многу помалку полицајци во однос на вчера, кога собирот ескалира во судир меѓу демонстрантите и полицијата. На чело на протестот, кој е насочен и против разговорите меѓу премиерите на Косово и на Србија, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ, се пратениците од редовите на „Самоопределување“.
Претходно косовскиот премиер Хашим Тачи ги повика приврзаниците на ова движење да ги откажат уличните протести и побара и од лидерот Алби Курти „да се врати во Парламентот и да не им се заканува на владините институции со анархија“.
XS
SM
MD
LG