Достапни линкови

logo-print

Груевски: Живееме подобро од пред 100 години а имаме помалку деца


Премиерот Никола Груевски говорот по повод одбележувањето на Денот на македонската раволуционерна борба го посвети на проблемот со наталитетот и дебатите во јавноста за хомосексуалноста. Тој во својот говор изјави дека денеска неспоредливо подобро се живее отколку пред 60 или 100 години но Македонија како и повеќе европски земји се соочуваат со криза на семејните вредности и засега незапирлив тренд на пад на наталитетот.
Тој додаде дека во земјава наместо да се зборува за многудетни семејства се зборувало за како што вели за „искривени вредности, за еднополови бракови, па уште и посвојување деца во тие еднополови бракови, за некакви права на жените, па на мажите кои од нив e позастапен во политиката или во бизнисот, а во меѓувреме во држава снемува народ.“
Груевски изјави дека нискиот наталитет ја намалува конкурентноста на една држава, односно дека таму каде што има народ таму ќе дојдат инвестициите, потрошувачката и патиштата и обратно, таму каде што нема народ ќе се намалaт инвестициите, потрошувачката инфраструктурата и економијата.
Toj истакна дека „живееме во време на економска неизвесност, проблемите со животниот стандард се секојдневие, притиска невработеноста, цените, финансиските проблеми, многу млади имаат нерешено станбено прашање, но не е се до богатството затоа што нашите предци пред 100 години не биле побогати од нас, а имале многудетни семејства.
„ Како што беше храброст на 23 Октомври 1893 да се стане за Македонија, така денес е храброст да се биде честит и посветен на своето семејство на своите жена и деца. Потребна ни е политика која ќе ја намали нето имиграцијата, која ќе го зајакне општеството и ќе се бори со атомизацијата,“ изјави Груевски.
XS
SM
MD
LG