Достапни линкови

Тачи бара поддршка од опозицијата, „Самоопределување“ повика на протести


Косовскиот премиер Хашим Тачи побара денеска од опозицијата да престане да шири хаос. Ваквиот коментар на Тачи доаѓа по вчерашните насилни протести во Приштина поради средбата на српскиот и косовскиот премиер во петокот во Брисел, при кои беа повредени 23 луѓе меѓу кои и 18 полицајци а 66 демостранти беа уапсени. Тој го повика лидерот на движењето „Самоопределување“ Алби Курти да не спроведува дебата на улица , да не им се заканува на институциите со анархистички дејства и да се врати во Парламентот.
Косовскиот парламент неодамна и даде дозвола на Владата на Тачи да преговара со Белград за нормализирање на односите меѓу двете страни.
„Самоопределување“денеска повторно излегоа на протести против владиниот дијалог со Белград.
XS
SM
MD
LG