Достапни линкови

ОН: Најмалку 350 илјади луѓе побегнале од Сирија


Агенцијата за бегалци при Обединетите Нации соопшти денеска дека во Либан има над 100 илјади сириски бегалци. Портпаролот Мелиса Флемин изјави дека покрај нив во Јордан се регистрирани 105 илјади, во Турција 100 илјади , а во Ирак 42 илјади бегалци. Флеминг побара меѓународна поддршка за земјите кои што ги примиле бегалците истакнувајќи дека тие не треба сами да го поднесат целиот товар. Во Јордан властите тврдат дека се пристигнати над 200 илјади сириски бегалци и дека вчера гневни Сирици запалиле околу 20 шатори во знак на протест за лошите услови во кои живеат.
XS
SM
MD
LG