Достапни линкови

logo-print

Судските пресуди - блокада на Куманово


Совет на општина Куманово.

Совет на општина Куманово.

Општината Куманово мора да плати околу еден ипол милион евра како паричен надоместок за експропријација на земјиште од пред 28 години.

Побарувањата по основ на судски пресуди во износ од околу еден ипол милион евра можно е да ја блокираат сметката на локалната самоуправа на Куманово. И додека градоначалникот Зоран Дамјановски и советниците од коалицијата на СДСМ сметаат дека тоа е политичка пресија и тенеденциозно во времето на чекор од претстојните локални избори, сите опоненти пак сметаат дека градоначалникот бара изговор за неговите нереализирани ветувања пред граѓаните.
Сите анализи на експерти од право не можат да потврдат зошто е задолжена Општината Куманово бидејки ниту еден документ, имотниот лист, не покажуваат дека сме ние во владение, во корисничко право, а Општината се задолжува да плати околу еден милион ипол евра или 90 милиони денари пресметано со камата, колку што е пресметковна вредност на спорот.

Особено актуелно е тоа што во септември годинава пристигнало решение со судска пресуда од општинската каса да се одлее голема сума пари како паричен надоместок за експропријација на земјиште од пред 28 години.

Дамјановски објаснува дека во претходните три пресуди била задолжена државата, Министерството за образование, а сега во последната пак Општина Куманово, според него од нему непозната причина.

„Сите анализи на експерти од право не можат да потврдат зошто е задолжена Општината Куманово бидејки ниту еден документ, имотниот лист, не покажуваат дека сме ние во владение, во корисничко право, а Општината се задолжува да плати околу еден милион ипол евра или 90 милиони денари пресметано со камата, колку што е пресметковна вредност на спорот.“

Според тоа Дамјановски смета дека:
Ние не можеме да се согласиме со тоа градоначалникот да игра како кумановски Робин Худ и за секој негов неуспех да му е виновна Владата на РМ, ВМРО генерално или ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Секогаш, за секој негов неуспех тој си наоѓа алиби комбинации.

„Тоа го наметнува прашањето зошто сега на три месеци пред изборниот процес и по 28 годишен процес и зошто претходно сумата била 24 милиони денари, а сега со камата е 90 милиони денари.“

РСЕ: Што конкретно ќе преземе Општината:

„Ќе се обидеме да го канализираме процесот во една позитивна насока и политички и преку Министерството на правда и судскиот совет, да ги користиме и понатамошните постапки преку обвинителството, антикорупциската комисија и сите институции за да се утврди вистината на овој спор.“

Меѓутоа тука не е крајот, туку Дамјановски вели дека постои уште една постапка од пред 40 години,уште постар предмет на експропријација и уште два кои се во тек.
Ако дојде до извршување на пресудата ние ќе мора да правиме ребеланс на буџетот за скратување на расходите на програмите од инфраструктура, од спортот и други.

„Се отвори уште еден процес кој мислам дека ќе ја суспендира децентрализацијата, особено фискалната децентрализација и ќе се вратиме на она пред осум години, а тоа е најважниот демократски столб во нашето опшество, и тоа беше зацртано со Рамковниот договор и амандманите од Уставот од 2001-та година. На овој начин треба да се ангажираат и Владата на Рм и Министерството за правда и сите надлежни институции, за да се дојде до некое релевантно решение да се прекине со вакви политички пресии на локалните самоуправи каде има градон од друга политичка опција.“

Советниците од локалната опозиција на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, пак, се со поинакви перцепции, вели советникот Бобан Николовски.

„Ние не можеме да се согласиме со тоа градоначалникот да игра како кумановски Робин Худ и за секој негов неуспех да му е виновна Владата на РМ, ВМРО генерално или ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Секогаш, за секој негов неуспех тој си наоѓа алиби комбинации.“

Николовски се навраќа на забелешките за работењето на Дамјановски и додава:

„Кој е винов за нереализираните проекти наназад,ако од сега Куманово ќе било блокирано со овие пари. Каде се проектите ветени. Дали катната гаража е негов неуспех, општинската зграда. Со тие проекти тој ги собираше гласовите на граѓаните, така ова решение му дојде како „кец на десетка“ за негов маркетинг.“
РСЕ: Доколку на претстојните избори биде градоначалник од вашата партија, судската одлука е правосилна,како тогаш ќе се справи тој градоначалник?
„Ќе мора да се справува како секој добар менаџер, со добра екипа“, вели Николовски.

Советничката Снежана Захариева меѓу другото вели дека треба да се изнајде соодветно решение, така што:

„Парите на општината да се искористат за потребите на граѓаните,а не за плаќање на судските пресуди.“

А Бранко Арсовски, пак, смета дека оваа и наредната година ќе бидат погубни за планирање на општинскиот буџет:

„Ако дојде до извршување на пресудата ние ќе мора да правиме ребеланс на буџетот за скратување на расходите на програмите од инфраструктура, од спортот и други.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG