Достапни линкови

logo-print

Спорот за името - жртва на политичкиот рејтинг


Протест против промена на уставното име и за прекин на преговорите со Грција. 2009

Протест против промена на уставното име и за прекин на преговорите со Грција. 2009

Во државава е исклучително тешко да се постигне консензус меѓу политичките елити за спорот за името со Грција. Консензусот е жртва на борбата за партиски и личен рејтинг и борба за власт, анализираат дел од македонските експерти.

Цели дваесет години, и покрај сите блокади, и покрај сите очекувања и поттикнувања од страна на меѓународната заедница да се надмине спорот за името меѓу Македонија и соседна Грција со цел да продолжат евроинтеграциите, политичките елити во земјава на ова прашање не се посветуваат со доволна сериозност и очигледно го подредуваат на својот рејтинг кај гласачите, анализираат дел од македонските експерти
На последните избори минатата година ниеден од политичките фактори не сакаше да го коментира тоа прашање, дали и како ќе се реши. Факт е дека евроинтеграциите трпат поради ова прашање.
.
Средба на премиерот Никола Груевски и комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Штефан Филе

Средба на премиерот Никола Груевски и комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Штефан Филе


„На последните избори минатата година ниеден од политичките фактори не сакаше да го коментира тоа прашање, дали и како ќе се реши. Факт е дека евроинтеграциите трпат поради ова прашање, тоа е несомнено“, вели Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование.

Од истите причини, во државава е исклучително тешко да се постигне консензус меѓу политичките елити за ова прашање без кој не би било возможно неговото надминување, додаваат експертите. Консензусот е жртва на борбата за партиски и личен рејтинг и борба за власт. Желбата за власт не соодветствува со патриотизмот, кој доколку евроинтеграциите не продолжат, не треба ни да се сфати суштински, вели аналитичарот Исмет Рамадани.
Патриотизам не значи само историја и да се затвориш во концептот и рамките на твојата партија, туку патриотизам е да направиш нешто повеќе за државата и за сите граѓани.

„Патриотизам не значи само историја и да се затвориш во концептот и рамките на твојата партија, туку патриотизам е да направиш нешто повеќе за државата и за сите граѓани.“

Македонија и годинава, по четврти пат во извештајот за напредокот добива препорака за отпочнување датум за преговори со Унијата. Меѓународната заедница апелира на подобрување на добрососедските односи и настојува да создаде амбиент за изнаоѓање компромис за името. Во ваквиот дух стаса деновиве пораката од САД преку помошникот државен секретар, Филип Рикер, откако со годинашниот извештај комисијата понуди и помош преку предлог преговарачка рамка за надминување на спорот во т.н. рана фаза. За Маричиќ овој ангажман е одраз токму на бескрајното одложување на проблемот.

„Впрочем, затоа и оваа година имаме ангажирање од Европската комисија да се стави овој проблем во рамката на преговорите во некоја рана фаза за да може да се осигураат дека повеќе нема да се случува тоа што се случуваше досега, дека нема да се одложува повеќе тоа прашање и дека поради тоа ќе трпат европските интеграции“, додава Маричиќ.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG