Достапни линкови

Емирот на Катар во посета на Појасот Газа


Емирот на Катар денеска престојува во еднодневна посета на Појасот Газа. Тоа е прва посета на еден шеф на држава на Појасот Газа откако е под контрола на Хамас од 2007-ма година. Шеикот Хамад Бин Калифа Ал Тани, во придружба на сопругата, од Египет со автомобил пристигна во Газа. Катар одржува добри дипломатски односи и со Соединетите Држави и со Иран, а исто така и со Хамас и со Израел.
XS
SM
MD
LG