Достапни линкови

Надворешната политика во фокусот на Обама и Ромни, на последната дебата


Претседателот Барак Обама и неговиот предизвикувач од Републиканската партија Мит Ромни се заложија дека ќе го одбранат Израел и оти ќе ги преземата сите
превентивни чекори кои ќе оневозможат Иран да употреби нуклеарно оружје. Овие нивни планови беа кажани синоќа кога во фокусот на двајцата кандидати беше надворешната политика, во третата и последна дебата пред американските избори кои ќе се одржат за две недели, на 6. Ноември.За време на 90. минутното соочување во Флорида,Обама го претстави Ромни како некој кој не е подготвен да има водечка улога,додека Ромни кажа дека лидерството на Обама ја направило Америка послаба на светската сцена. Двајцата кандидати се согласија дека 2014. е година на повлекување на странските сили од Авганистан и исто така кажаа дека Америка има проблематични релации со Пакистан.
XS
SM
MD
LG