Достапни линкови

logo-print

Косово-Самоопределување повикува на протест и денеска


Косовското движење Самоопределување најави дека денеска од 11.часот ќе одржи протести против полициското насилство, до кое дојде вчера на демонстрациите во Приштина поради дијалогот со Србија. Осумнаесет полицајци биле повредени, а над 30 лица беа уапсени вчера во Приштина за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите, кои се обиделе да упаднат во косовскиот Парламент, за да протестираат против преговорите со Белград.Во петокот премиерот на Србија Ивица Дачиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи се сретнаа во Брисел.
Вчерашниот протест во Приштина беше организиран од движењето „Самоопределување“, кое се спротивставува на какви било преговори со Србија. Движењето ја осуди средбата Тачи-Дачиќ и ја оцени како „предавство“.На централниот плоштад во Приштина се собраа околу 300 демонстранти.
XS
SM
MD
LG