Достапни линкови

ОН- Иран продолжува со егзекуциите и дискриминацијата врз малцинствата


Во специјалниот извештај на ОН за човековите права за Иран се наведува дека оваа земја продолжува да спроведува егзекуции врз стотици луѓе секој ден и оти продолжува дискриминацијата врз религиозните и етничките малцинства и врз жените. Во 2011 година имало 670 егзекуции што е најголем број во светски рамки според убиства извршени на ден по глава на жител. Во документот стои дека над 300 луѓе биле егзекутирани во првите осум месеци од оваа година во Иран, но дека вистинскиот број можеби е повисок бидејки има рестрикции врз информациите з а извршени егзекуции. Овој извештај формално ќе биде претставен во текот на оваа недела.
XS
SM
MD
LG