Достапни линкови

Јанукович се надева на попуст за рускиот гас


Украинскиот претседател Виктор Јанукович изјави денеска дека се надева оти земјата ќе добие „фер цена“ за рускиот природен гас. Цената на природниот гас досега беше проблем во односите меѓу двете земји. Тоа прашање се очекуваше да биде на врвот на агендата на разговорите кои денеска се одржаа во Москва меѓу Јанукович и рускиот претседател Владимир Путин. Јанукович по средбата изјави дека преговорите ќе продолжат и дека се надева оти Украина ќе добие “фер и праведен договор.“ Претходно украинскиот премиер најави дека годинава земјата може да добие за 60 проценти намалена цена на рускиот природен гас доколку земјата се приклучи во Царинската унија во која членуваа Русија, Казахстан и Белорусија.
XS
SM
MD
LG