Достапни линкови

Расмусен: Авганистан ќе биде подготвен до 2014 година да ја преземе контролата


Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен за РСЕ изјави денеска дека е убеден оти авганистанските безбедносни сили ќе бидат целосно подготвени да ја преземат контролата врз безбедноста во Авганистан до крајот на 2014 година. Тој додаде дека авганистанските сили ги водат 80 проценти од безбедносните операции, истакнувајќи дека тоа се „одлични информации“. Расмусен го повика Пакистан да се приклучи во антитерористичките операции кои се извршуваат во пограничниот регион. Тој изрази надеж дека по повлекувањето на странските војници во 2014 година ќе види подобро управување на Авганистан.
XS
SM
MD
LG