Достапни линкови

logo-print

Расмусен: НАТО е подготвен да ја заштити Турција од Сирија ако има потреба за тоа


НАТО е подготвен да ја заштити Турција и разработува соодветни планови во врска со сириската криза, изјави денеска во Лондон генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.Тој додаде дека во случај Турција да биде нападната, НАТО ќе ја заштити територијата на таа земја, која е членка на Алијансата. Расмусен изрази надеж дека до тоа нема да дојде и дека сириската криза ќе биде решена по политички пат. Тој истакна дека „нема планови за воена интервенција на НАТО во Сирија“.
XS
SM
MD
LG