Достапни линкови

Нов предлог закон за приватно обезбедување на МВР


Министерството за внатрешни работи изработи нов Предлог-закон за приватно обезбедување, на местото на веќе постоечкиот Закон за обезбедување на имот и лица. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска изјави дека во новиот закон се утврдуваат нови и повисоки стандарди во поглед на начинот и средствата со кои ќе се врши приватно обезбедување, а детално се нормира воспоставувањето и функционирањето на Центар за обезбедување и надзор како посебна просторија опремена со технички уреди за автоматски прием и обработка на алармни сигнали и информации. Новина се и високите стандарди за обезбедување транспорт и пренос на пари и други вредносни пратки.
XS
SM
MD
LG