Достапни линкови

logo-print

Повторно поскапување на горивата


Од ноќеска на полноќ се зголемува цената на бензините за половина, а на дизелот за два, односно два и пол денари. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика непроменета останува цената на Еуросупер БС-95, а новата цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 85 денари за литар. Еуродизелот ќе се продава по 73,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство по 62,5 денари за литар.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминативе две недели период изнесуваше 114,099 долари за барел и е за 3,02 отсто повисока од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
XS
SM
MD
LG