Достапни линкови

Јапонска фирма понуди симултан превод на телефонски разговор


Јапонскиот наголемиот мобилен оператор НТТ ДоКоМо соопшти дека пушти во употреба сервис за превод кој ќе им овозможи на луѓе кои разговараат на телефон на различни јазици за неколку секунди да добијат превод на тоа што кажал соговорникот. Во соопштението на компанијата е наведено дека на нивните претплатници ќе им биде понудено да добијат двостран гласовен превод и текстуален превод од јапонски на англиски, кинески или корејски и обратно со само од неколку секунди задоцнување. Бесплатната апликација за претплатниците на мобилниот оператор ќе можа да се користат на смартфони и таблет компутери со андроид системи. Од компанијата најавија дека наскоро таква аплиција ќе биде достапна и на француски, германски , италијански, шпански и португалски јазик.
XS
SM
MD
LG