Достапни линкови

Одбиено барање на Ахмадинеџад во Иран


Иранскиот суд го одби барањето на претседателот Махмуд Ахмадинеџад да го посети затворот Евин, каде што одлежува казна затвор неговиот советник за односи со медиуми. Со ваквиот потег на судот се укажува на слабеењето на моќта на претседателот во измината година јавува новинската агенција Ројтерс. Советникот на Ахмадинеџад Али Акбар Џаванфекр е осуден на 6месечна казна затвор поради навреда на врхорвниот верски лидер ајатолахот Али Каменеи на неговиот вебсајт и за објавување на статија која е навредлива за јавноста. Објаснувањето на судот за блокирањето на барањето е дека тоа не е во најдобар интерес на државата која минува во економска криза.
XS
SM
MD
LG