Достапни линкови

Му ги одземаа седумте титули на Армстронг


Меѓунароната велосипедска унија денеска ја поддржа одлуката на американската Антидопинг агенција и доживотно му забрани на Ленс Армстронг да учествува на велосипедиски трки и му ги одзема седумте титули од Тур де Франс. Со оваа одлука името на Армстронг ќе биде избришано од сите документи поврзани со неговото натпреварување од 1999 до 2005 година.
Американската антидопинг агенција деновиве објави извештај со докази и сведочења кои покажуваат дека Армстронг употребувал средства за допинг. Армстронг ги отфрли обвинувањата, но одби истите да ги оспори. Тој си даде оставка од местото претседател на организација за борба против рак која што тој ја основаше и ги изгуби речиси сите досегашни комерцијални договори.
XS
SM
MD
LG