Достапни линкови

Изречени пресудите за „Метастаза“


Апсењето на докторите пред 2 години

Апсењето на докторите пред 2 години

Обвинетите во случајот „Метастаза“ се виновни пресуди денеска Основниот суд Скопје 1. Изречените казни се движат од три години затвор до условни пресуди.
17 од 38 обвинети ќе одлежат казна затвор додека 19 добија условни казни. На дел од осудените со изречените казни само им се покри времето поминато во притвор.
Сите заедно се задолжени солидарно да ја надоместат штетата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во износ од 250.000 евра.
Лекарите специјалисти, неврохирурзи, психијатри, ортопеди и посредници беа обвинети за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправи односно дека за одреден паричен износ им посредувале на барателите на пензии да имаат право да користат инвалидска пензија.
XS
SM
MD
LG