Достапни линкови

logo-print

Грчките медиуми прогнозираат поскапување на горивото во Македонија


Одлуките на македонски власти да и одземат одобренија за поедноставна царинска постапка и увоз на нафта и нафтени деривати на ОКТА, ќе ја зголемат цената на горивата во Македонија, јавуваат денеска грчките медиуми. Тие ја пренесуваат реакцијата на ОКТА која е дел од грчката рафинерија „Хеленик петролеум“, во која е наведено дека аргументите на цариниците за постапката „немаат никаква врска со реалноста“ и оти „ќе се искористат сите правни и административни средства за да ги побие“. Како причина за поскапувањето на горивото ја наведуваат информацијата дека сега во земјава ќе се увезува гориво од друга рафинарија со поскапи трошоци за транспорт.
Претходно вицепремиерот Зоран Ставрески изјави дека не очекува да дојде до криза во снабдувањето со нафта во Македонија.
XS
SM
MD
LG