Достапни линкови

И Обама и Ромни молчат за Авганистан


Илустрација: Американски војници во Авганистан.

Илустрација: Американски војници во Авганистан.

Американските кандидати за претседател, Барак Обама и Мит Ромни, веќе долго време одбегнуваат да зборуваат за Авганистан за време на нивната изборна кампања и покрај фактот што американските трупи сè уште се борат во најдолгата војна во која учествувале САД.

Невработеност, даноци, економија, Иран... Ова се дел од темите кои доминираат во претседателската кампања на двајцата американски кандидати, но во нивните кампањи како да нема место за основната тема што ги држи Американците во војна веќе 11 години. Претседателот Барак Обама и неговиот републикански противкандидат Мит Ромни ретко ја споменуваат темата „Авганистан“ во нивните говори.
Тоа беше грешка, мислам ова беше грешка. Без разлика дали станува збор за пропуст или е намерно, не знам што е полошо, но сепак тоа беше грешка. Вие сега имате 70 илјади војници на терен во Авганистан и вие мора да зборувате за нив. Луѓето сакаат да го видат лидерот на партијата да зборува за нешто е од голема важност како што е војната.

Ромни на пример во неговото 40-минутно обраќање пред неговите сопартијци кога ја прифати кандидатурата ниту еднаш не ја спомена таа тема, по што беше и критикуван од неговите сопартијци.
Претседателските кандидати, Мит Ромни и Барак Обама.

Претседателските кандидати, Мит Ромни и Барак Обама.


Овој коментар на Стив Хејс за Фокс Њуз е еден од многуте кои следеа потоа на неговата адреса.

„Тоа беше грешка, мислам ова беше грешка. Без разлика дали станува збор за пропуст или е намерно, не знам што е полошо, но сепак тоа беше грешка. Вие сега имате 70 илјади војници на терен во Авганистан и вие мора да зборувате за нив. Луѓето сакаат да го видат лидерот на партијата да зборува за нешто е од голема важност како што е војната.“
Кандидатите ги читаат анкетите и прават свои, што значи дека се наполно свесни за тоа кои се клучните прашања. Ние не слушнавме ни Обама, ни Ромни да зборуваат за Авганистан, веројатно затоа што нивните советници им укажале дека тоа не е прашање од висок приоритет за јавноста.

Или не сакаат?

САД се во војна во Авганистан подолго од која било друга досега. Над две илјади Американци се убиени, стотици илјади ранети и 547 милијарди долари се потрошени.

Но, сепак, според истражувањето на Галуп, кога ќе ги прашате Американците која е најважната тема што ги засега за нивната држава, само еден процент од нив одговараат „Авганистан“. Главниот уредник на Галуп, Франк Њупорт како причина за тоа ја наведува загриженоста на луѓето за економијата и невработеноста.
Илустрација: Американски војници во Авганистан.

Илустрација: Американски војници во Авганистан.


„Кандидатите ги читаат анкетите и прават свои, што значи дека се наполно свесни за тоа кои се клучните прашања. Ние не слушнавме ни Обама, ни Ромни да зборуваат за Авганистан, веројатно затоа што нивните советници им укажале дека тоа не е прашање од висок приоритет за јавноста.“
Нивото на дискусија за Авганистан е нула, и што е најважно нивото на дискусиите за она што се случува со ветераните кои доаѓаа од Авганистан е речиси блиску до нула. Сè што слушнавме досега беше „ви благодариме за вашата услуга“, но не слушнавме детали.

Пред две години Обама и останатите лидери од НАТО алијансата се договорија дека до декември 2014 година воената операција во Авганистан ќе заврши. Со таа одлука, многу Американци сметаат дека се реши и прашањето на државната политика во врска со Авганистан, затоа што анкетите покажуваат дека тие се веќе уморни од војни.

Неодамнешните инциденти при кои загинаа американски војници од оружје на нивните соборци, односно авганистански колеги, во јавноста го наметна ставот дека „што поскоро се вратат дома војниците тоа ќе биде подобро“.

Во Њујорк Тајмс беше објавена анализа во која е наведено дека е крајно време да се соберат куферите и да се замине од таму затоа што уште две години војна, уште две години испраќање на еден процент од Американците да служат во униформа и да бидат изложени на опасност да умрат или да бидат ранети – е премногу.

И анкетите на Галуп покажуваат дека повеќе од половина од анкетираните се сложуваат со тој став. Дел од аналитичарите сметаат дека таквиот став е разбирлив, но од друга страна не треба да се напушти Авганистан додека нивните безбедносни сили не се подготвени да ја преземат целосната контрола врз безбедноста во земјата.

„11 години во она што може да се каже дека е тешко, фрустрирачки и е вложен крвав напор, е па Американците се навистина уморни од тоа. Тие се сомневаат дали ние постигнуваме нешто што е близу до нашата сакана оптимална цел. Но, тие исто така се и доволно свесни да знаат дека не треба да се избрзуваат работите на самиот крај и дека веќе постои план со рок од две години за излез од ситуацијава“, вели Мајкл О’Ханлон од институтот во Брукингс.

Датумот за повлекување на војниците, беше една од причините за несогласувањата меѓу двајцата претседателски кандидати, поради која Ромни го критикуваше Обама за соопштување на воените планови на непријателот. Но неодамна тој се согласи со Обама дека целта треба да биде успешна транзиција на безбедносната контрола на авганистанските безбедносни сили до крајот н а 2014 година.

Една од главните причини зошто малку се зборува за војната во Авганистан се токму сличните ставови, односно недостигот на несогласување на двајцата кандидати за оваа тема.

Со малкуте дебати за војната во Авганситан за време на изборната кампања се закопува и политичката дискусија за 2,4 милиони воени ветерани од војните во Ирак и Авганистан. Е тоа е вистински проблем, вели поранешниот американски воен капетан Том Тарантино.

„Нивото на дискусија за Авганистан е нула, и што е најважно нивото на дискусиите за она што се случува со ветераните кои доаѓаа од Авганистан е речиси блиску до нула. Сè што слушнавме досега беше „ви благодариме за вашата услуга“, но не слушнавме детали.“

Тарантино вели дека ветераните не се загрижени дали претседателските кандидати ќе зборуваат за воената политика, тоа им е работа на воените офицери, но она што ветераните сакаат да го слушнат е како идниот претседател на САД планира да се справи со предизвикот којшто го носат ветераните кои ќе се вратат во своите домови, кога ќе побараат вработување, образование и основна здравствена помош.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG