Достапни линкови

Русија ги критикува човековите права во САД


Руското министерство за надворешни работи денеска издаде извештај во кој се критикува состојбата со човековите права во Соединетите држави. Претставувајќи го извештајот во Думата, претставникот на министерството Константин Долгов изјави дека во Соединетите држави имало социјална нееднаквост, расна и верска дискриминација, затворање луѓе без официјални обвинувања и пренатрупани затвори. Тој упати и критики поради тоа што Вашингтон, како што изјави, вршел цензура на интернет.
XS
SM
MD
LG