Достапни линкови

Протест во Приштина поради состанокот меѓу Тачи и Дациќ


Активисти на движењето Самоопределување денеска почнале протести во Приштина поради средбата меѓу премиерите на Косово и на Србија Хашим Тачи и Ивица Дациќ во петокот во Брисел. Активистите, како што јавуваат новинските агенции, фрлале камења врз полицајците кои одговориле со солзавец. Се додава дека полицијата накратко го привела лидерот на Самоопределување Албин Курти, како и неколкутемина пратеници од ова движење во Собранието на Косово кои ги предводеле протестите.
XS
SM
MD
LG