Достапни линкови

Деветмина повредени во тепачка меѓу навивачи во Подгорица


Девет лица биле повредени синоќа во црногорскиот главен град Подгорица при тепачка меѓу навивачи пред почетокот на кошаркарскиот натпревар од Јадранската лига меѓу домашниот тим на „Будуќност“ и белградски „Партизан“. Полицијата инфромира дека при инцидентот со полесни повреди минале шестмина навивачи и тројца полициајци, на кои им е укажана медицинаска помош во Ургентното одделение на Клиничкиот центар во Подгорица. Медиумите јавија дека освен тепачката во спортската сала, регистрирани биле и инциденти на неколку локации низ Подгорица при што биле искршени стакла на неколку возила.
XS
SM
MD
LG