Достапни линкови

Меѓународниот велосипедски сојуз за казната на Армстронг


Ленс Армстронг

Ленс Армстронг

Меѓународниот велосипедски сојуз се очекува денеска да соопшти дали ја поддржува одлуката на американската Антидопинг агенција доживотно да му забрани на Ленс Армстронг да учествува на велосипедиски трки и да му бидат одземени седумте титули од Тур де Франс. Доколку Сојузот не се согласи со ваквата одлука тогаш случајот ќе му биде предаден на Меѓународниот арбитражен суд за спорт. Американската антидопинг агенција деновиве објави извештај со докази и сведочања кои покажуваат дека Армстронг употребувал средства за допинг.
XS
SM
MD
LG