Достапни линкови

logo-print

Карзаи се сретна со Гросман во Кабул


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи се сретна со американскиот специјален пратеник за Авганистан и Пакистан Марк Гросман во Кабул. Гросман во неделата го информирал Карзаи за неговата неодамнешна посета на Пакистан, каде со тамошните власти разговарал за борба против тероризам и екстремизам. Властите сметаат дека талибанските милитанти и припадниците на Ал Каеда го користат северозападниот регион на Пакистан како база за организирање на напади против американските и авганистанските воени сили.
XS
SM
MD
LG