Достапни линкови

logo-print

Може ли Куманово да стане „вмровски град“?


Совет на општина Куманово.

Совет на општина Куманово.

Сè уште е непознато дали советниците од СДСМ што го поддржаа поранешниот претседател на советот Виктор Цветковски ќе преминат во независни и ќе ја намалат бројката на советничката група на СДСМ, по што може и ВМРО-ДПМНЕ да добие мнозинство.

Без оглед како граѓаните се изјаснуваат на изборите, Куманово секогаш си ја задржува етикетата бастион на СДСМ. По жешката последна седница на општинскиот Совет, кога „малото“ мнозинство советници се изјасни за смената на претседателот на Советот Виктор Цветковски, сега веќе само социјалдемократ по убедување, што предизвика уште едно тектонско поместување, а во очекување на новата седница кога коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има плус уште еден советник неизвесно е како ќе се донесуваат одлуките.
Не знам, не ме интересира, кој и да дојде сите се исти, та ВМРО, та овие, само нека биде мирно. Сите се исти.

Згора на тоа што и социјалдемократите кои застанаа на страната на Цветковски сè уште е непознато дали ќе преминат во независни и за уште еден, двајца или тројца советници ќе ја намалат бројката на советничката група на СДСМ, по што може состојбата прилично да се смени, па ВМРО-ДПМНЕ да добие мнозинство.
Совет на општина Куманово.

Совет на општина Куманово.


И додека во СДСМ се кршат копјата во чистење на редовите и детектирање на лојалноста, од локалната опозиција на ВМРО-ДПМНЕ имаат услови да се радуваат дека на претстојните локални избори можно е и да победат.
Исто ми е, и СДСМ и ВМРО, исто е за мене. Кој и да дојде на власт за мене не е добро.

Кумановци, пак, кои не се во можност директно да го гледаат однесувањето на нивните избраници, од кои не мал дел за волја на вистината, без оглед на партиската припадност, кон крајот на мандатот веќе подзаборавија дека месечниот паушал што го добиваат треба да го одработат, а не да се забавуваат, да се пазарат и да грицкаат грицки, запрашани дали не е исклучено долгогодишниот бастион на СДСМ, да се префарба во вмровски бои велат:

„ Не знам, не сум упатен и најмалку ме интересира.“

„Не знам, не ме интересира, кој и да дојде сите се исти, та ВМРО, та овие, само нека биде мирно. Сите се исти.“

„Исто ми е, и СДСМ и ВМРО, исто е за мене. Кој и да дојде на власт за мене не е добро.“

„Куманово не може да стане вмровски град, бидејќи има многу луѓе од СДСМ. А и од градоначалникот Зоран Дамјановски многумина се задоволни. Никогаш немало градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и со многумина што зборувам мислам дека градот не може да стане вмровски.“

„Досега се покажа дека е добро во Куманово, иако власта не му дава парична помош. Градоначалникот досега добро се снаоѓа“, велат запрашаните кумановци, кои по се изгледа најповеќе се заинтересирани за сопствениот живот, а за она што се случува околу нив оставаат политичарите да го решаваат.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG