Достапни линкови

logo-print

Дачиќ: Време е за „историски договор“ меѓу Белград и Приштина


Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека е време за „Историски договор“ меѓу Белград и Приштина, објавувајќи ја подготовката за преговарачката платформа, која ќе вклучи претставници од Владата и опозицијата.
Тој во интервју за телевизијата Б92 изјави дека целта на Србија е да постигне трајно и важно решение и да ги подобри односите со Приштина. Дачиќ додаде дека средбата со Тачи не значи дека Србија го признала Косово, но оти е добра подлога за ставање крај на преговорите и за напредок во односите со Приштина.
XS
SM
MD
LG