Достапни линкови

logo-print

СДСМ:Партиските вработувања во ЕЛЕМ виновни за скапата струја


Една од причините за поскапувањето на цената на струјата се и новите 625 партиски војници кои треба да се вработaт во ЕЛЕМ тврди опозициската партија СДСМ. Пратеникот Јани Макрадули изјави дека во изминативе 7 години нема ниту една нова инвестиција, бројот на вработени во хидроелектраните е многу мал, a доколку, се инвестирало во автоматизација и модернизација во блоковите во Битола, сосема е нелогично да постои потреба од толку нови вработени.
Тој додаде дека последното поскапување на цената на струјата e по барање на државната компанија ЕЛЕМ по што со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика приходот на ЕЛЕМ за 2012 година се зголеми за 15 милиони евра.
XS
SM
MD
LG