Достапни линкови

logo-print

Асад: Клучот за мир е да се престане да им се дава оружје на бунтовниците


Сирискиот претседател Башар Ал Асад по средбата со меѓународниот претставник на ОН и Арапската лига Лахдар Брахими за државната новинска агенција САНА изјави дека клучот за секое политичко решение кои може да доведе до примирје е да се престане да им се дава оружје на бунтовниците.
Асад изразил подршка за секој искрен напор за политичко решение за кризата но тоа мора да биде базирано врз почит кон суверенитетот на Сирија и без надворешна интервенција. Тој како што јавува САНА а пренесува Ројтерс истакнал дека предлогот мора да биде фокусиран на справување со „тероризмот“ и со обврска на земјите кои го поддржуваат „тероризмот“ во Сирија, ги помагаат, вооружуваат и им нудат засолништа на „терористите“ да престана со нивните дејности.

По средбата Брахими сам даде изјава за сите медиуми кои го следеа настанот и повторно ги повика двете воени страни во конфиктот да се согласат за прекин на огнот. Тој додаде дека од дел од опозициските лидери од Сирија и оние што се надвор дале позитивен одговор на повикот за прекин на огнот за време на празникот кој почнува на 26 октомври а трае 4 дена. Брахими истакна дека привремен прекин на огнот може да биде добра основа за обезбедување на трајно примирје.
XS
SM
MD
LG