Достапни линкови

Амбасадорите од земјите -ученици во ИСАФ мисијата во посета на Кабул


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и амбасадорите од земји- учеснички во мисијата ИСАФ, меѓу кои и македонскиот амбасадор Мартин Треневски, беа во тридневна посета на Авганистан.
Целта на посетата била амбасадорите непосредно да се запознаат со актуелните случувања во Авганистан, борбата против талибанските и другите терористи, како и да се пренесе порака од последниот самит на НАТО во Чикаго дека Алијансата и пошироката меѓународна заедница нема да го напуштат Авганистан по повлекувањето на борбените трупи во 2014 година, јавува новинската агенција МИА.
За време на престојот во Кабул, амбасадорот Треневски се сретнал со командантите на четата на АРМ што го обезбедуваат главниот штаб на ИСАФ-мисијата.
XS
SM
MD
LG