Достапни линкови

Мека подготвена да ги прими верниците


Над милион и пол верници веќе пристигнаа во Саудиска Арабија каде во аџилакот кон Мека ќе им се приклучат околу 750 илјади Саудици. Властите годинава одвоија околу 290 милиони долари за обезбедување на инфрастуктура во околните градови на Мека за да им се олесни пристапот на верниците. За безбедноста и заштитата на цивилите се ангажирани 25 700 агенти со поддршка од 6 600 возила и 19 хеликоптери. Најмалку 1 500 камери се поставени околу Големата Џамија во Мека околу светото место се отворени 29 нови полициски пунтови.
XS
SM
MD
LG