Достапни линкови

Владата со реклами ќе им помогне на македонските производители


Владата денеска соопшти дека со еден милион и 200 илјади евра финансиски ќе ја поддржи презентацијата на македонски земјоделски производи и брендови на шест саемски манифестации во Русија, Кина и Германија. Портпаролот на Владата Александар Ѓеоргиев изјави дека владата ќе ја финансира промоцијата преку плаќање на трошоците за закуп на саемски простор, изработка на заеднички национален павилјон, тематски штандови, покривање на националното презентирање со подготовка на промотивни материјали и активности.
Тој додаде дека ќе бидат презентирани оние производители кои своите производи ќе можат да ги изложат како групен производ на Македонија.
Тој истакна дела Владата ќе финансира и изработка на маркетинг платформа за препознатливост на Македонија како винска земја и за квалитетот на градинарските производи и овошјето на светските пазари, односно ќе плати за изработка на визуелни симболи, видео клип и маркетинг концепт на кои ќе се базира настапот на странските пазари.
XS
SM
MD
LG