Достапни линкови

Брахими на средба со Башар Ал Асад


Специјалниот претставник на ОН во Сирија Лакдар Брахими пристигна во Дамаск и се очекува денеска да се сретне со претседателот Башар Ал Асад. Претходно Брахими повика на привремено примирје за време на муслиманскиот празник во земјата кој се одбележува 4 дена почнувајќи од 26 октомври.
Многу земји како Иран, Ирак, Турција и Германија јавно ја поддржаа идеата, но ниту сириската влада ниту бунтовниците се уште не се согласиле на тоа.
Вчера Брахими се сретна со министерот за надворешни работи Валид ал Маолен но не соопштија за што конретно разговараа.
Сириската организација за заштита на човекови права соопшти дека вчера загинале околу 40 цивили и бунтовници и околу 20 владини војници.
XS
SM
MD
LG