Достапни линкови

САД негира дека е постигнат договор за директни преговори со Иран


Белата куќа денеска ја демантираше информацијата во Њујорк Тајмс дека администрацијата на Обама се согласила на разговори „еден на еден “ со Иран односно дека постигнале согласност за водење на директни разговори околу спорната нуклеарна програма на Техеран. Портпаролот на советот за национална безбедност Том Виетор изјави дека САД ќе продолжат да работат со членовите на Советот за безбедност во Обединетите Нации за решавање на ова прашање. Тој додаде дека САД се подготвени и за билатерална средба со Иран.
XS
SM
MD
LG