Достапни линкови

Локалните медиуми здружени против тарифникот на ММИ


Во Битола вчера е формирано Здружението на приватните електронски медиуми на Република Македонија (ЗПММ). Приоритетна активност ќе му биде решавањето на проблемот со трошоците кои во последно време им се наметнати на медиумите. Во соопштението е наведено дека потребата од формирање на вакво здружение е оправдана поради наталожените проблеми низ годините и за подигање на соработката меѓу локалните медиумите на повисоко ниво.
Претседателот на здужението Сашо Митаноски изјави дека првиот чекор на здружението е да се справат со фактурите кои наскоро ќе стигнат од старо-новото здружение Македонска музичка индустрија чии тарифник има многу недоречености и предизвици кои мора да се надминат.
Станува збор за предлог тарифник според кој ММИ наскоро ќе започне со прибирање на парични надоместоци од сите корисници кои јавно пуштаат музика во РМ, а како корисници се јавуваат различни категории од медиуми, до угостителски објекти, козметички салони, па дури и мали продавници и семкарници. Според предлогот секаде каде музиката ќе се слуша јавно, ќе постои обрска за наплата на оваа давачка.
XS
SM
MD
LG