Достапни линкови

Официјална Тирана ја поздрави средбата меѓу Дачиќ и Тачи


Тирана

Тирана

Официјална Тирана ја поздрави вчерашната средба на косовскиот и српскиот премиер Хашим Тачи и Ивица Дачиќ, реализирана во Брисел со посредство на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон. Во соопштението на Министертвото за надворшени работи стои дека продолжувањето на дијалогот на високо ниво е значаен чекор во правец на нормализирањето на односите меѓу двете земји за имплементација на постигнатите договори и за решавање на практичните прашања. “Продолжувањето на дијалогот и нормализацијата на односите е од интерес на двете држави, како и во интерес на мирот, стабилноста и безбедноста во регионот и е во служба на интерацијата на двете земји и целиот Балкан во ЕУ” стои во соопштението на албанското Министертво за надворешни работи.
XS
SM
MD
LG