Достапни линкови

Одбележан Светскиот ден против остеопорозата


На плоштадот Македонија беше одбележан 20 Октомври - Светскиот ден на остеопорозата. Заинтересираните минувачи добиваа упатства како да ја препознаат и да се заштитат од оваа болест која предизвикува намалување на коскената маса поради што коските се склони кон кршење.
Од остеопороза во Македонија боледуваат околу 120 илјади жени. “Овие статистички податоци на Светската здравствена организација се само предупредување за потребата од лекување и превентива од оваа болест. Важна е превентивата, но и правилното лекување. Нашата идеја е денеска да ја потсетиме јавноста за опасноста од оваа болест која на самиот почеток е без симптоми” рече Александар Попов, директор на „Алвоген“ за Македонија.
XS
SM
MD
LG