Достапни линкови

Иванов очекува датум за старт на преговорите со ЕУ во декември


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов очекува на Самитот на ЕУ во декември европските лидери да ги уважат четирите последователни препораки на Европската комисија и да одредат датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во Унијата. “Ние четири години располагаме со оправдани аргументи за почеток на преговори и четири години чекаме шанса за нешто кое сами го заслуживме. Се надевам дека европските лидери годинава конечно ќе ги уважат овие четири последователни препораки и ќе поддржат просперитет и развој на нашата држава, наместо да се солидаризираат со една земја членка која ни прави проблеми нам и на целиот регион” вели македонскиот претседател во интервју за неделниот магазин Граѓански.

Иванов додава дека многу пати на средбите во Брисел укажувал дека почетокот на пристапните преговори со Македонија има двојна придобивка - прво, да го подобри кредибилитетот на сите вклучени страни – како на земјите кандидати, така и на земјите членки, и второ, би помогнало, како на Македонците, така и на Грците да ги остават зад себе еднаш засекогаш нерационалните несогласувања и да се фокусираат на теми од заеднички и суштински интерес за иднината.
XS
SM
MD
LG