Достапни линкови

Рикер: Атина и Скопје треба да најдат решение што е можно поскоро


Американскиот помошник државен секретар Филип Рикер го поздрави напредокот на Македонија во дијалогот со Европската Унија и препораката за отворање на преговорите. Тој ги повика Македонија и Грција да бидат активни во надминување на спорот, додавајки дека со тоа веднаш ќе се отвори поканата за членство во НАТО.

На средбата со новинарите од балканските земји во Вашингтон, Рикер оцени дека сите земји од Југоисточна Европа, кои имаат желба да се интегрираат во НАТО и во Европската Унија треба да ја имаат таа можност и САД ќе ги поддржува во тоа.

“Ние ги поддржуваме македонските евроатлански аспирации. Никој не сторил повеќе да ја подготви Македонија и да ја насочи на овој пат. Како што и НАТО оцени, Македонија е подготвена да и се упати покана за членство. Силно ја поддржуваме во овие напори и продолжуваме да ги повикуваме и Македонија и Грција да најдат начин да одат напред” рече Рикер и дополни:

“Нашата порака останува иста, постојана, дека Атина и Скопје треба да најдат решение што е можно поскоро. Неопходен е активен ангажман. Обединетите нации ги нудат добрите услуги на амбасадорот Нимиц. Тоа е процес во тек, да се разреши ова прашање, што ќе и дозволи на Македонија веднаш да добие покана за членство во НАТО”.
XS
SM
MD
LG