Достапни линкови

Осуда за нападот во Бејрут


Белата куќа најстрого го осуди нападот во Бејрут во кој загинаа високорангиран безбедносен претставник и уште седуммина, нарекувајки го инцидентот терористички акт. Портпаролот на Националниот совет за безбедност Томи Виетор изјави дека Соединетите американски држави ќе соработуваат со владата во Либан со цел “одговорните за варварскиот напад да бидат донесени пред лицето на правдата”. Советот за безбедност при Обединетите нации исто така го осуди нападот.
XS
SM
MD
LG