Достапни линкови

Кипар бара директна помош за банките од европските фондови


Кипарскиот министер за финансии Васос Шијарли изјави дека евентуалниот договор за пакет финансиска помош за неговата земја би требало да вклучува одредба која би им обозможила на банките во потешкотии да добијат директна помош од фондовите на Европската унија.

Шијарли рече дека ќе инсистира таквата одредба да биде вклучена при последната рунда преговори меѓу официјална Никозија и Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, а која се очекува да се случи следната недела.

Експертите стравуваат дека можниот пакет помош за докапитализација на кипарските банки би предизвикал раст на кипарскиот долг до неодржливо ниво.
XS
SM
MD
LG