Достапни линкови

logo-print

А каде се студентите во студентското организирање?


Сања Божовиќ, програмски асистент во МОФ.

Сања Божовиќ, програмски асистент во МОФ.

Чии права застапуваат студентските претставници? Во нивните документи провејуваат одредби кои велат дека за да поддржиш нечија кандидатура за претседател, мора да бидеш член на студенсткиот парламент. Доколку сакам да се кандидирам, веројатно нема ни да можам бидејќи не сум нивни член, а уште помалку две години да сум во СПУКМ, како што наложуваат нивните документи, пишува Сања Божовиќ, програмски асистент во МОФ во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Иако македонските студенти се свесни дека имаат проблеми во текот на образованието на факултет, најголем дел од нив сметаат дека немаат механизми како да направат промена. Дополнително, спасот не го гледаат ни во членувањето по студентски парламенти на Универзитетот/факултетот бидејќи 86 отсто од испитаните студенти не се активирани во оваа невладина организација која е официјален претставник на студентската маса. Ова се одразува и на студентските избори, каде излезноста и оваа година е премногу мала. Па како тогаш сакаме да имаме студенти кои ќе бидат двигател на промените во општеството? Дали со неактивирањето и негласањето на избори, студентите протестираат против постоечкиот систем?
Оваа година студентите избираа нов лидер. И овие избори ги следеа низа нерегуларности. Распишувањето на избори сите не изненади, бидејќи сметавме дека во недоглед може да се продолжува мандатот, а не само 11 месеци.

Долг е списокот на прашања кои може да си ги поставиме за високото образование и застапувањето на студентските права во овој систем. А кој ги застапува студентите во телата на одлучување? Оние кои требаше да ги застапуваат правата и интересите на студентите, дозволија да ни го затворат Студентското Радио. И потоа следи прашањето: Каде се студентските претставници во целата оваа приказна? Како и целиот овој систем, тоа останува во тајност. Секогаш ги следеле недоречености, нетранспарентност во нивното функционирање, па дури и нелегитимитет да ги претставуваат моите права и интереси.

Чии права застапуваат студентските претставници? Во нивните документи провејуваат одредби кои велат дека за да поддржиш нечија кандидатура за претседател, мора да бидеш член на студенсткиот парламент. Доколку сакам да се кандидирам, веројатно нема ни да можам бидејќи не сум нивни член, а уште помалку две години да сум во СПУКМ, како што наложуваат нивните документи. А кој се е член на оваа организација, не ни знаеме, бидејќи во оние документи кои ние ги добивме со голем притисок, не е ни регулирано ова прашање.

Оваа година студентите избираа нов лидер. И овие избори ги следеа низа нерегуларности. Распишувањето на избори сите не изненади, бидејќи сметавме дека во недоглед може да се продолжува мандатот, а не само 11 месеци. Меѓутоа кога веќе се доцни со избори, без наведување на конкретна причина, сметавме дека треба барем останатите работи ќе бидат регуларни и согласно Статутот и нивните правилници. Наспроти нашите очекувања, се соочивме со криење на правилник за избори, необјавување на изборната комисија и низа статутарни нелогичности. Имињата на членовите на изборната комисија, освен секако претседателот на комисијата кој што мораше да се огласи, до денеска не се познати, и по завршување на изборите.
Доцнењето на отварање на местата за гласање беше пракса на неколку факултети, бидејќи секако кутијата за гласање доцнеше, а и членовите на изборната комисија не беа покуси. Потоа не беше јасно која е изборната комисија. По мое гледиште секој кој што поминуваше покрај местото на избирање, можеше да седне и да ги легитимира студентите дојдени да гласаат.

Правилникот за спроведување на овие избори се криеше од МОФ и покрај тоа што го побаравме од сите. Со медиумски притисок стигнавме до овој правилник за да можеме како студенти да се запознаеме со начинот на кој што ќе се избира претседател, кој што ќе збори во името на 50.000 студенти. Разгледувајќи го, освен низа нелогичности и спротиставености, откривме дека овој документ е донесен врз основа на непостоечки членови од Статутот на УКИМ, член 392 и 395. Овој Статут има само 374 членови, во чиј состав секако дека има дел посветен и на организација на СПУКМ, но тоа не се 392 и 395. Па секако дека во јавноста го поставивме прашањето за нелегитимноста на изборите преку нелегитимност на овој правилник.
Одговорот на ова прашање го добивме од изборната комисија, која ни кажа дека имаат нов документ, од кој што можевме да го видиме само воведот. Сето ова не наведува да размслуваме дека не постои никаков друг правилник, туку само желба да се затишат студентите кои се свесни за ова измама, што секако ја доведува воопшто целата изборна процедура и самите избори во прашање. А доколку постои, се соочуваме со несоработка и некоординираност меѓу изборната комисија и претседателот во заминување. А сега имаме еден правилник и еден вовед во правилник донесени истиот ден со 2/3 мнозинство од пратениците на СПУКМ, но повикувајќи се на различни членови од Статутот на УКИМ. Што се случува со документите на СПУКМ, дали има некој кој врши надзор на се што донесуваат или оставаат на нивна волја и можност за разбирање на правниот систем.

На денот на избори, фер и демократската атмосфера предвидена со правилникот ја нарушија низа нерегуларности. Доцнењето на отварање на местата за гласање беше пракса на неколку факултети, бидејќи секако кутијата за гласање доцнеше, а и членовите на изборната комисија не беа покуси. Потоа не беше јасно која е изборната комисија. По мое гледиште, секој кој што поминуваше покрај местото на избирање, можеше да седне и да ги легитимира студентите дојдени да гласаат. Кон хаотичната атмосфера на гласачките места допринесоа и членовите на изборна комисија на одредени факултети, како и претседател на ова тело кои не знаеја кој се смее да гласа и колку студенти смеат од факултетот на гласаат, а сето ова беше резултат меѓу другото поради немањето на избирачки список, што веројатно е нормална појава за студентски избори. Изборите требаше да бидат со тајно гласање, но да напоменеме дека нашите набљудувачи увидоа дека ова право е нарушено, зошто на дел од избирачките места, параванот беше поставен на место каде секој може да ѕирне во твоето ливче и твојот избор. Целиот овој процес на квази избори заврши со порано затворање на избирачки места на некои од набљудуваните факултети. Кога ќе направам ретроспектива на овој ден и добиените податоци од студентите кои набљудуваа, гледам премногу нерегуларности кои што не тераат да помислиме на дефиницијата на СПУКМ за спроведување на фер и демократски избори.

И сето ова не беше доволно за да констатираме дека не е во ред вака да бираме Претседател на СПУКМ, бидејќи го избравме. Со помалку од 10% од гласови на студентите, добивме лидер кој ќе зборува за сите 50.000 студенти. А ако прашаме од каде го доби правото да зборува во името на сите, веројатно од системот и од околу 4.700 студенти. Блазе си ни!

Сега кога Кирил Спироски доби најмногу гласови од оние 8522 студенти кои гласале на овие избори, е новиот Претседател на студентскиот парламент. Се надеваме дека постојано ќе ги застапува интересите на студентите во телата на одлучување, онака како што ние се застапувавме за транспарентност, фер и демократски изборен процес и во иднина ќе ја следиме работата и ќе ги известуваме студентите за недемократските или демократските активности на СПУКМ.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG