Достапни линкови

Ештон: состанокот меѓу Дачиќ и Тачи во добра атмосфера


Кетрин Ештон, Ивица Дачиќ

Кетрин Ештон, Ивица Дачиќ

Првиот состанок меѓу премиерите на Србија и на Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи денеска во Брисел минал во добра и конструктивна атмосфера, соопшти високата претставничка на Европската унија Кетрин Ештон која претседаваше на состанокот. „Се договоривме да го продолжиме дијалогот за нормализирање на односите меѓу двете страни. Наскоро повторно ќе се состанеме“ наведува Ештон во соопштението. Претходно таа одвоено разговараше со Дачиќ и Тачи. Европската унија е посредник во преговорите меѓу Белград и Приштина.
XS
SM
MD
LG