Достапни линкови

Дијаспората со Фонд за инвестиции во Македонија


На Глобалниот инвестициски самит што денеска беше отворен во Охрид е заклучено да биде формиран фонд за инвестиции ориентиран кон раст на македонските претприjатија. Покрај инвестирањето, членовите на „Македонија 2025“, претприемачи и извршни директори на светски бизниси кои имаат македонски корени и живеат во САД, Канада, Европа и Австралија, ќе им нудат на македонските претприемачи менторства и пристап до пазарите. Собирот го отворија премиерот Никола Груевски и претседателот на Одборот на директори на „Македонија 2025“ Мајк Зафировски.
XS
SM
MD
LG