Достапни линкови

logo-print

Сè уште неизвесен опстанокот на Грција во евро-зоната


Германската канцеларка Ангела Меркел и грчкиот премиер Андонис Самарас, на маргините на самитот на Европската унија во Брисел, разговарале за мерките за штедење што треба да ги спроведе Грција. Меркел инсистира Грција целосно да ги исполни обврските за кратење на трошоците како услов за продолжување на финансиската помош. Инаку, на самитот било оценето дека Грција направила добар прогрес, но на новинарско прашање дали Атина ќе ја напушти евро-зоната, францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека сè уште нема дефинитивен одговор на ова прашање.
XS
SM
MD
LG