Достапни линкови

logo-print

Поништувањето на тендери во подем


Поништувањето на постапките за јавни набавки повторно е во подем, а на тендерите се поставуваат непропорционално високи барања за докажување на способноста на фирмите понудувачи за постапките, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Најголем проблем на фирмите при јавните набавки е доцнењето на институциите со исплата, покажуваат резултатите од мониторингот на Центарот за граѓански комуникации за кое биле прибрани податоци од 220 компании и се анализирале жалбените постапки
За жал дури во одредени случаи ние можеме да се сомневаме за местење на тендерите, во смисла на тоа што поставувањето на високите критериуми всушност имплицира стеснување на конкуренцијата што во дадени случаи може да биде правено и намерно.

Меѓу останатото се забележани и низа слабости во изборот на елементите според кои државните институции ги разгледуваат и проценуваат добиените понуди од фирмите како и неодржување на електронска аукција во 45 проценти од мониторираните постапки.
Илустрација: Често се случува никој да не ги исполнил критериумите и тендерот да биде поништен.

Илустрација: Често се случува никој да не ги исполнил критериумите и тендерот да биде поништен.


Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации вели дека со мониторингот на јавните набавки се констатирани низа проблеми кои се потврдени со анкетите од компании од цела Македонија.

„За жал произлегува дека институциите не ги примаат доследно нашите препораки или не ги примаат на вистински начин. Оттука мислиме дека е неопходно, пред сè за да се намалат сите овие слабости во системот на јавни набавки, да се размисли околу промена на сегашниот концепт на кој е организиран системот, во смисла на воведување на една позасилена контрола што ќе овозможи доследна примена на Законот за јавни набавки.“
Повторно постои сомнеж, со оглед на овој висок процент, дека можеби некакви однапред планирани калкулации не можеле да речеме да се реализираат, па затоа тендерот на крај завршил со поништување.

Се поставува прашањето дали доцнењето на институциите го зголемува проблемот со неликвидност на македонското стопанство? Државата е голем побарувач на услуги, но фирмите треба да се ориентираат кон приватниот сектор, вели економскиот аналитичар Висар Адеми.

„Државата станува да кажеме голем побарувач на добра и производи со тоа што нели тука е Скопје 2014, но мислам дека тоа ќе заврши брзо.“

Со мониторингот е утврдено и дека поништувањето на постапките за јавни набавки повторно е во подем и дека на тендерите се поставуваат непропорционално високи барања за докажување на способноста на фирмите понудувачи за постапките. Овие два проблеми укажуваат дека во сферата на јавните набавки постојат манипулации, вели Факиќ.

„За жал дури во одредени случаи ние можеме да се сомневаме за местење на тендерите, во смисла на тоа што поставувањето на високите критериуми всушност имплицира стеснување на конкуренцијата што во дадени случаи може да биде правено и намерно.“

Поништувањата во некои дадени случаи можеби се од објективни причини, вели Факиќ.

„Но, повторно постои сомнеж, со оглед на овој висок процент, дека можеби некакви однапред планирани калкулации не можеле да речеме да се реализираат, па затоа тендерот на крај завршил со поништување.“

Со мониторингот е утврдено и дека во 60 отсто од надгледуваните постапки немало повеќе од двајца понудувачи. „Конкуренцијата во јавните набавки и натаму е во опаѓање што упатува на постоење проблеми на пазарот на јавни набавки“, се наведува во извештајот.
XS
SM
MD
LG