Достапни линкови

На субвенциите се гледа како средство кое може да ги смири земјоделците по блокадите или протестите кои одвреме навреме ги организираат, но не и да направат поголеми чекори, зашто жариштата на незадоволство остануваат.

Отворањето на прашањата на субвенциите на основа на своите или закупените хектари, нивната висина, кому да се доделат, по кои критериуми, произведени килограми итн., во овој момент на растечка криза повеќе е социјална отколку разумна економска категорија. Ова се огледува во повеќе области. Субвенциите некако се гледаат како средство, кое може да ги смири земјоделците по блокадите или протестите кои одвреме навреме ги организираат, но не и тие да направат поголеми чекори, зошто жариштата на незадоволство остануваат.
Доколку субвенциите беа добри и паметно и на вистинско место се даваа, производството ќе се зголемеше и немаше да стагнира. Годинава се очекува цела реколта да биде околу 22 милиони, а Македонија има достигнато рекорд до 35 милиони килограми тутун.

Кире Неделковски се занимава со производство на тутун. Меѓу првите работи на кои укажува е дека со користењето на потикнувањата во тутунарството што ги доделува владата едвај минимално се покриваат дел од трошоците за репроматеријали.

„Една вреќа ѓубриво што го користиме за тутунот чини 1.600 денари, а на два декари се користи една вреќа. Пред субвенциите да ги земеме, една вреќа беше 600-700 денари. Значи двапати е поскапено, а тутунот останува со иста цена.“

Од голема важност за земјоделците е исто така субвенциите да се доделуваат нареме по предавањето на производите. Состојбата во оваа област подолго време е статус кво, а пресвртница може да преставува и тоа ако субвенциите правилно се распоредуваат, но и не само тоа, зошто неизбежни се и подолгорочни владини политики. На ова недвосмислено укажуваат резултатите во ова гранка, додава Неделковски.
Се плаќаше досега на 20 хектари 100 отсто исплата, било на пченица, на сончоглед, било на други култури, а сега се намали на 10 хектари, значи 100 отсто се плаќа само на 10 хектари. Малку се поскратени субвенциите и тоа го почувствувавме од лани.

„Доколку субвенциите беа добри и паметно и на вистинско место се даваа, производството ќе се зголемеше и немаше да стагнира. Годинава се очекува цела реколта да биде околу 22 милиони, а Македонија има достигнато рекорд до 35 милиони килограми тутун.“
Министерот за земјоделство Љупчо Димовски.

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски.


Она што им отежнува на земјоделците да одат со побрзи чекори е што недостасуваат суштински анализи кои треба да се направат и на тоа недвосмислено покажуваат и состојбите со житните култури. Земјоделците во прв ред ги истакнуваат застарената механизација и начинот на производство. Податокот дека најголем дел од вкупно обработуваното земјиште е во рацете на малите производители кои главно сеат ниско продуктивни житарки е доволна причина да се формулира нова земјоделска политика и да се тргне кон окрупнување на површините на кои може да се применуваат современи агро технички мерки и да се добијат високи приноси.

„Се плаќаше досега на 20 хектари 100 отсто исплата, било на пченица, на сончоглед, било на други култури, а сега се намали на 10 хектари, значи 100 отсто се плаќа само на 10 хектари. Малку се поскратени субвенциите и тоа го почувствувавме од лани“, вели Митад Исмаиловски, земјоделец од Битолско.

На проблемите укажуваат последните состојби со најавите дека лебот ќе поскапува. Во нашите млинови нема доволно жито, а пченицата е од увоз. Владата ја смири состојбата со интервенирање во стоковите резерви. Експертите нагласија дека житните култури се меѓу тие што треба да бидат стратешки, а не да ги увезуваме. За споредба, дека нема придвижувања во политиките што се водат кај нас каде и натаму фокусот е на директна државна подршка на производителите, еве што прават надлежните иснтитуции. Министерот за земјоделство деновиве констатираше дека со висината на субвенциите земјава е лидер во светот и најави дека во наредните години ќе се издвојат нови 700 милиони.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG